ЈАВЕН ПОВИК за посета на почетна обука за вршење на работи на стечаен управник

ЈАВЕН ПОВИК за посета на почетна обука за вршење на работи на стечаен управник

Комората на стечајни управници на Република Македонија во соработка со Министерството за економија преку Проектот „Зајакнување на административните капацитети за имплементација на законската рамка за стечај и ликвидација на трговските друштва, (ИПА - Проект), согласно член 23 став 2 од Законот за стечај објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за посета на почетна обука за вршење на работи на стечаен управник

Комората на стечајни управници на Република Македонија ги информира сите заинтересирани физичкилица дека организира почетна обука на кандидати за вршење на работите на стечаен управник.

Право да ја посетуваат почетната обука имаат сите физички лица кои ги исполнуваат следниве услови:

да е државјанин на Република Македонија;
да има живеалиште во Република Македонија;
да има високо образование од соодветна област (диплома за завршено четиригодишно високо образование или, диплома со 300 кредити, според европскиот кредитен трансфер систем (ЕКТС);
да има најмалку три години работно искуство по дипломирањето
во областа на правото, економијата или бизнис администрацијата;
или
друго високо образование и пет години работно искуство во областа на трговските дејности по дипломирањето;
со правосилна одлука да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната

Кандидатите кои ќе ја посетуваат почетната обука ќе се стекнат со потврда за завршена обука и со право да полагаат стручен испит за стекнување со уверение за овластен стечаен управник кој го спроведува

Комисија именувана од страна на министерот за економија.

Кандидатите кои се заинтересирани да ја посетуваат почетната обука за вршење на работите стечаен управник треба до Комората на стечајни управници да достават кратка биографија и со фотокопие на документите со кои ќе ги потврди условите од јавниот повик.

Пријавите со потребните докази треба да се достават на следнава адреса:
Комора на стечајни управници, ул. Васил Стефановски 6р. 26/16 Скопје, или на email адреса: komorasu@komorasu. org. mk
Јавниот повик е отворен триесет дена од денот на објавувањето во дневиот печат.
Обуката е во траење од 30 часа и ќе се одвива од 1 1 .09. 2017 до 1 5. 09. 201 7 во Скопје во хотел „Арка, со почеток во 9, 00 часот.
Патните трошоци од место на живеење до Скопје и назад се на терет на кандидатите.
Контакт информации на: 02/3223857; 070/589016 - Жаклина.