Оглас за вработување на Лабораториски техничар во Џонсон Мети

Оглас за вработување на Лабораториски техничар во Џонсон Мети

Реф.бр. 2017096
Оглас за работа : Лабораториски техничар ( Laboratory Technician )

 

Локација: Скопје, Македонија

 

Еmission Control Technologies е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

 

Џонсон Мети има потреба од ЛАБОРАТОРИСКИ ТЕХНИЧАР (LABORATORY TECHNICIAN) кој ќе му се придружи на нашиот Оддел за контрола на квалитет во фабриката за автокатализатори во Скопје.

 

Главни одговорности :

 

• Прием, подготовка и анализа на катализатори на дневна основа
• Поддршка при процесот на подготовка на примероците за анализа
• Внес на резултати од направените анализи
• Извршување на активностите од Kamishibay таблата
• Следење на процедури, упатства за работа
• Следење на добра лабораториска пракса
• Следење и придржување кон правила за заштита на животна средина, здравје и безбедност при работа

 

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате ?

 

• Пожелно е претходно лабораториско работно искуство
• Средно образование
• Пожелно е искуство со работење во динамична и комплексна работна средина
• Компетентен корисник на Microsoft Office како и системи кои се користат во лабораториско работење

 

Позицијата подразбира работа во три смени и за време на викенди.

 

Доколку сте заинтересирани испратете ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.

 

Краен рок за аплицирање : 26 Јули 2017

 

Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување