Оглас за вработување во Кабинетот на министерот за одбрана на Република Македонија

Оглас за вработување во Кабинетот на министерот за одбрана на Република Македонија

Врз основа на член 22 став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија" бр. 27/2014, 199/2014 и 27/2016) a во врска со член 22 од Законот за работните односи Службен весник на Република Македонија бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 1 14/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015 и27/2016). министерот за од6рана на Република Македонија, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување 2 (два) посебни советници во Кабинетот на министерот за одбрана на Република Македонија, на определено време

Министерството за одбрана има потреба од вработување на 2 (два) посебни советници во Кабинетот на министерот за одбрана.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови (за сите кандидати):

да е државјанин на Република Македонија,
да има општа здравствена способност,
со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Кандидатите за работните позиции под реден број 1, покрај општите услови предвидени со Закон, потребно е:
да имаат завршено најмалку високо образование VII/1 или студии со стекнати 240 кредити ЕКТС од областа на општествените науки, да имаат најмалку 2 две) години работно искуство.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање.

Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена кај нотар:
1. Доказ за државјанство на Република Македонија;
2. Доказ за општа здравствена способност за работното место;
3. Доказ соправосилнасудскапресуда дека не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
4. Уверение диплома за завршен степен на образование;
5. Доказ за работно искуство и
6. Кратка биографија.

Распоред на работно време: работни часови во неделата: 40, работно време од 08:30 до 16:30, работни денови од понеделник до петок. Како посебни услови за работата во Кабинетот се предвидуваат: работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон, заради извршување итни и неодложни работи.

Паричен износ на основната нетоплата изнесува од 35. 000 денари до 50. 000 денари.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време.
Вработувањето на советниците трае нај долго до истекот на мандатот на министерот за одбрана на Република Македонија.
Рокот за доставувањето на пријавите со потребните документи изнесува 5 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот не сметајќи го денот на самото објавување). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Изборот на кандидати ќе се изврши во рок од 1 0 дена по истекот на рокот на пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Пријавитесопотребнитедокументи даседостават доархиватаКабинетот на министерот за одбрана на Република Македонија ул. „Орце Николов бр. 116, 1000 Скопје, со назнака „за огласот за посебните советници"
Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во архивата на Кабинетот нај доцна до денот на завршувањето на рокот на јавниот оглас.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.

2. Постапката за вработувањето од точка 1 на ова решение да ја спроведе Секторот за поддршка на министерот за одбрана.

3. Јавниот оглас за вработување на наведените работни места, да се објави во најмалку два дневни весници, од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граганите што зборуваат службен јазик различен од македонскиот.