Оглас за вработување во НБРМ, отворени се 4 (четири) работни позиции
Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Македонија, a во согласност со членовите 14 став 1, 22 став 1 точка 1, 23 став 1 и 60 од Законот за работните односи и членовите 6, 7, 23 став 1 и 30 од Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија распишува
O Г Л A C
за вработување 4 извршители во Народната банка на Република Македонија, на неопределено време
1 .Еден извршител на работно место „помлад аналитичар" во Отсекот за платен промет со странство за државата и државните органи во Дирекцијата за платни системи, еден извршител на работно место „помлад аналитичар" во Отсекот за анализа на финансиските пазари, еден извршител на работно место „помлад дилер" во Отсекот за чување и управување со девизните резерви и еден извршител на работно место „помлад аналитичар" во Отсекот за планирање на ликвидноста во Дирекцијата за операции на финансиските пазари.
2. Кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1, покрај општите законски услови за засновање на работен однос, треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:
-За работно место „помлад аналитичар" во Отсекот за платен промет со странство за државата и државните органи во Дирекцијата за платни системи да имаат: завршено факултет од областа на економските науки најмалку 180 ЕКТС кредити (VIB), со или без работен стаж, познавање на англиски јазик, познавање на работа со компјутер, познавање на платниот промет, платните системи и финансиските пазари и познавања од областа на работењето на Народната банка.
-За работните места „помлад аналитичар" во Отсекот за анализа на финансиските пазари, „помлад дилер" во Отсекот за чување и управување со девизните резерви и „помлад аналитичар" во Отсекот за планирање на ликвидноста во Дирекцијата за операции на финансиските пазари да имаат: завршено високо образование од областа на економските науки најмалку 180 ЕКТС кредити (VIB), со или без работен стаж, познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
3. Кандидатите од точка 1 потребно е да достават: пријава, кратка биографија, диплома или уверение за завршено високо образование, доказ за познавање на англиски јазик, доказ за познавање работа со компјутери, доказ за работен стаж (доколку го имаат) од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија.
4. Работното време, во работната недела, започнува помеѓу 8, 00 и 9, 00 часот, a завршува помеѓу 1 6, 00 и 1 7, 00 часот.
5. Со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1, a кои имаат работен стаж ќе се склучи договор за вработување на неопределено време, со вршење на пробна работа во времетраење од 1
месец.
Висината на основната (нето) плата на работниците за работните места од точка 1 ќе изнесува 1 9.622,00 денари.
6. Рокот за доставување на документите изнесува 5 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.
7. Изборот на работникот кој ќе заснова работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
8. Ненавремената и некомплетна документација нема да биде разгледувана.
9. Пријавата е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Македонија.
Пријавата со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Македонија, Бул. „Кузман Јосифовски Питу" бр. 1 -Скопје.
Народна банка на Република Македопи/а