Џонсон Мети вработува Планер за материјали (Material Planner)

Џонсон Мети вработува Планер за материјали (Material Planner)

Реф.бр. 2017101
Оглас за работа : Планер за материјали (Material Planner)
Локација: Скопје, Македонија


Еmission Control Technologies е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети Македонија има потреба од Планер за материјали (Material Planner) кој ќе му се  придружи   на нашиот Оддел за Логистика во фабриката за автокатализатори во Скопје.

Главни одговорности :


•    Планирање на материјалите во интернационална компанија за производство на автокатализатори, како и способност за управување со информации, успешна комуницикација и извршување работни задачи во кратки рокови.
•    Приспособување на барањата на клиентите во согласност со распоредот и динамиката на производството, како и  идентификување на потребите за снабдување со материјали, а во врска со производствениот процес      
•    Обезбедување на потребни залихи според потребата на процесите и намалување на степенот на неискористеност на истите.
•    Утврдување на слабите точки и проблемите во процесот и подобрување на производственото секвенционирање и сл.

Дали сте Вие идеалниот кандидат и поседувате?


•    Универзитетска диплома (во областа на Логистиката или друга нумерички базирана дисциплина)
•    Минимум 1 (една) година  работно искуство во планирање на материјали
•    Способност за анализирање на детални производствени планови и добро познавање на производствени концепти и процеси
•    Напредно ниво на користење на Microsoft Office (Word & Excel) и познавање на САП (SAP)
•    Напредно ниво на владеење на англискиот јазик (пишан и говорен)
•    Самомотивирана личност со одлични комуникациски вештини
•    Способност за работа под притисок и со зададени временски рокови

Позицијата подразбира работа од Пон.-Петок во административна смена 08:30 – 16:30ч.

Доколку сте заинтересирани испратете ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката.  Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.

Краен рок за аплицирање : 27 Јули 2017
    
Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување