МАН вработува... Се бара КОМЕРЦИЈАЛИСТ

МАН вработува... Се бара КОМЕРЦИЈАЛИСТ



МАН ИМПОРТЕР МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ е генерален увозник на МАН комерцијални возила и МАН оригинални резервни делови. Во нашиот продажно-сервисен центар вршиме продажба на нови и користени комерцијални МАН возила, одржување на овие возила и продажба на резервни делови.

МАН Импортер Македонија д.о.о.е.л. бара за место на работа вo Скопје, во сервисниот оддел 

Комерцијалист (М/Ж) 

Ваши задачи
- Развивање и одржување на односи со клиенти, комуникација со постоечки и потенцијални клиенти
- Изработка на потребна документација
- Планирање и организирање на продажни активности
- Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата
- Развој на пазарот како и унапредување на продажба согласно пазарните можности.

Ваши квалификации:
- ССС / ВСС - техничка или економска насока
- интерес за комерцијални возила
- минимум 3 години работно искуство во комерција
- напредно користење на компјутер
- активно познавање на германски или англиски јазик
- возачка дозвола Б категорија

Вашата понуда за вработување заедно со биографијата и доказ за исполнување на бараните услови испратете ги најдоцна до 15.08.2017 на нашата e-mail адреса rabоta@mantruck.mk или на адреса:

МАН Импортер Македонија д.о.о.е.л.
Илинден, ул.2 бр.84
1000 Скопје