Оглас за вработување на Техничар за помошни уреди (Utility Technician) во Џонсон Мети

Оглас за вработување на Техничар за помошни уреди (Utility Technician) во Џонсон Мети

Реф.бр. 2017099
Оглас за работа: Техничар за помошни уреди (Utility Technician)
Локација: Скопје, Македонија


Еmission Control Technologies е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување н квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети има потреба од Техничар за помошни уреди (Utility Technician) кој ќе му се придружи на нашиот тим за Одржување во фабриката за автокатализатори во Скопје.

Главни одговорности :
    
-    Справување со електрични и механички дефекти на опремата за вентилација и климатизација  (HVAC), клими, клима комори, котли
-    Одржување на опрематa која што го поддржува работењето на погонот за производство, обезбедувајќи максимална ефикасност и минимално потрошено време
-    Придонес кон развој на одделот со предлози/идеи за подобрување на ефикасноста, продуктивноста и безбедноста во сите работни области
-    Грижа за резервните делови за климатизација и вентилација
-    Работа самостојно и со останатите колеги на совладување на проблемите и изнаоѓање решенија
-    Можност за стекнување знаења од областа на климатизација и вентилација во мултинационална компанија во и надвор од границите на државата


Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате ?


-    Задолжително средно образование (техничка струка) / Високо образование (Дипломиран електро или машински  инженер) би било предност
-    Пожелно професионално искуство во оддел за инсталирање/одржување климатизација и вентилација
-    Техничко знаење и искуство во одржување електрични апликации на низок напон на електрични системи
-    Техничко знаење и искуство во одржување машински апликации за климатизација и вентилација (компресори,кондензатори,мотори...)
-    Способност за независно работење, ефикасно решавање проблеми под притисок и зададени рокови
-    Потребно е познавање на говорен и пишан англиски јазик како и MS Office пакет

Позицијата подразбира работа во административна смена

Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија на e-mail адреса: mkjobs@matthey.com и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката, во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.

Краен рок за аплицирање : 25 Јули 2017

Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување