Оглас за вработување во Стопанска Банка...Отворени се 2 (две) работни места
ОГЛАС
За прием на работник на работно место Проценител / Дирекција за недвижен имот (2 работни места)
Врши проценки и услуги поврзани со проценксз на имот. Оценува извештаи за извршени проценки од страна на надворешни и внатрешни проценители. Врши посета и увид во понуденото обезбедување (подвижен и недвижен имот). Комуницира со независни проценители и клиенти на Банката за технички, процедурални или други прашања поврзани со обезбедените услуги со цел да се осигура најдобар можен производ.
Кандидатот треба да ги исполнува следниве квалификации:
Дипломиран градежен инженер, архитект или машински инженер
Минимум петгодишно работно искуство во областа
Уверение за положен стручен испит за проценувач во соодветната област: недвижен имот, транспортни средства и/или машини и опрема
Активно познавање на англиски јазик
Познавање на работа со компјутери
Возачка дозвола од Б категорија
Лични карактеристики:
Динамична личност со способност за преземање на иницијативи
Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
Одлични организациски и комуникациски вбштини
Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
Висок личен интегритет, деловен и професионален однос
Банката обезбедува основна плата во месечен нето износ од 32. 000 МКД
Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно. Почетокот и крајот на работното време се утврдува со одлука на Банката.
Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и
професионален напредок на своите вработени.
Ве молиме да ја пополните апликацијата на интернет на страницата на Банката
www.stb.com.mk/karieravosb/ или вашето CV (кратка биографија) на македонски или на англиски јазик доставете ја во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 22. 7. 2017 година. Лице за контакт Даниела Радевска, тел. 02/3295277.
Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во согласност со бројот на пријавени кандидати.
Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.