Оглас за вработување во Монета

Оглас за вработување во Монета

Друштвото за услуги МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ, Скопје, со седиште на Бул.Крсте Мисирков бр.76 Скопје, пoштенски факс бр.915, Лиценцирана од страна на Народна Банка на Р. Македонија како  Давател на услугата Брз Трансфер на Пари - MoneyGram, oбјавува :

ОГЛАС
за овластено лице за директно спроведување на Програмата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам


Работни задачи и одговорности:
•     Директно спроведување на Програмата спречување на перење пари и финансирање на тероризам;
•    Директна соработка  со Управата за финансиско разузнување како овалстено лице на Друштвото;
•    Следење на промените и почитување на прописите во Р. Македонија во областа на спречување на перење пари и финансирање на тероризам;
•    Поддршка на раководителот на правната служба на спроведување на законските одредби, правила и прописи за спречување на перење пари и финансирање на тероризам;
•    Прима и одговара на барањата за податоците на трансакциите, од Управата, судовите и други органи овластени со закон;
•    Чување на податоците и документите и доставување на извештаи до Управата;
•     Планови и организира обука за спречување на перење пари и финансирање на тероризам за вработените на работодавачот и Суб-агентите;
•    Мониторинг на трансакциите;
•    Усогласување на политики и процедури, нивното имплементирање и зајакнување на внатрешните политики и процедури.
•    Управува дневник и архиви во врска со известувањата во Управата;
•        Соработка со внатрешните и надворешните ревизори и со раководството за прашања на спречување   на перење пари и финансирање на тероризам;

Подготовка и професионални вештини:
•     Универзитетска диплома (предност диплома од Правен факултет, Факултет за безбедност-Криминалистика, Економски  факултет и Јавна Администрација);
•    1 година минимум работно искуство во соодветната област;
•    Висока флексибилност во користењето на MS Office;
•    Одлични комуникациски вештини на македонски и англиски јазик ;
•    Предност познавање на Албански јазик ;
•    Интерперсонални вештини за управување ;
•    Организациски и аналитички вештини;

Заинтересираните кандидати своето CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци заедно со мотивационо писмо да го испратат на e-mail:  kariera@moneta.mk  или на адреса: Бул.Крсте Мисирков бр.76, Поштенски фах бр.915 со назнака “Оглас за овластено лице за директно спроведување на Програмата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам”.

Напомена:
Огласот важи од 19.07.2017 година до 25.07.2017 година, апликациите пратени со задоцнување нема да се земат во предвид. Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.