Временска прогноза: Ни следуваат сончеви и топли денови

Временска прогноза: Ни следуваат сончеви и топли денови

Денес е среда, 19 јули 2017 година, 200-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:10, а ќе зајде во 20:07 часот. Денот ќе трае 14 часа и 57 минути.



Ова утро во Македонија имаме претежно ведро и посвежо време со пониски утрински температури, несекојдневни за овој период од годината, но во текот на денот тие ќе се вратат во границите на просекот за овој период од месец јули.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по свежото утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со пораст на максималните температури. Ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер. Утринските температури од 8 до 17 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 23 односно до 34 степени. УВ индексот денес ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно сончево и потопло време. Слаб северен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна ќе достигне до 32 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
- Ни следуваат сончеви и топли денови со се повисоки температури како утринските така и дневните. Во четврток по свежото утро, во текот на денот ќе биде сончево и топло, утринските температури од 9 до 18 степени, додека пак максималните дневни од 25 до 36 степени. Во петок и сабота сончево и топло време со речиси идентични температури, утринските од 11 до 20 степени, додека пак максималните дневни од 26 до 37 степени. Во недела сончево и потопло време со максимални температури кои што ќе достигнат од 27 до 38 степени.

Извор: weather4all.com.mk