Казна или награда - која воспитна техника е подобра?

Казна или награда - која воспитна техника е подобра?

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Нова студија што ја спровеле психолозите на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Вашингтон докажала дека казната сепак е многу поделотворна од наградувањето на детето за добро однесување или од некои други современи воспитни техники.


Во едноставен експеримент, научниците им давале на испитаниците казна или награда по донесувањето одредени избори, за да видат што има поголемо влијание врз децата, односно дали ќе се повтори тој избор или не. Студијата покажала дека наградата ги прави склони кон повторување на претходниот избор, а учинокот е поголем ако наградата се зголемува секојпат. Меѓутоа, оние што добиле казна имале и помалку шанси повторно да го направат истиот избор.

Според зборовите на психолог, казните многу посилно влијаат врз мозокот, така што негативните повратни информации се поделотворни од позитивните повратни реакции во модифицирањето на детското однесување. Повратната информација не мора да биде остра, бидејќи децата имаат тенденција да реагираат на ист начин без разлика на тоа колку реакцијата е силна, само ако е негативна. Од перспектива на револуцијата, луѓето имаат вродена тенденција да избегнуваат казна или опасна ситуација, додека наградите имаат помало влијание.

Иако ова истражување покажало делотворност на негативните повратни информации, постои уште еден начин кој одговара на сите воспитни постапки. Секое дете и секоја ситуација бараат различни техники и на родителите не им е цел секогаш да го казнат детето за да го добијат посакуваното однесување. Казната не може да го научи детето на животната лекција што сакате да му ја пренесете, затоа разговорот и постоењето квалитетен пример во животот на детето се многу важни.