Музичкиот свет во шок - Почина Честер Бенингтон, пејачот на „Линкин Парк“

Музичкиот свет во шок - Почина Честер Бенингтон, пејачот на „Линкин Парк“

Подготвил: Тамара Гроздановски

парк
Фото: Profimedia


Честер Бенингтон, пејачот на мегапопуларната група „Линкин парк“ е пронајден мртов во неговиот дом во Палос Вердес во близина на Лос Анџелес.

Мртвото тело на 41 годишниот музичар било пронајдено во четвртокот наутро, а се верува дека извршил самоубиство со бесење.

Бенингтон претходно имал проблеми со дрогата и алкохолот и ова не му е прв обид за самоубиство.

Позади себе остава шест деца кои ги имал со две сопруги.