Археолозите го открија првото „уметничко студио“, кое датира од пред 43.000 години

Археолозите го открија првото „уметничко студио“, кое датира од пред 43.000 години

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

umetnost
Фото: PLOS

Ако сакате да видите каде започнала уметноста, посетете пештера. Во областа Ласко, Југозападна Франција, можете да пронајдете пештери чии ѕидови содржат над 600 слики од животни, луѓе и симболи. Сите тие датираат од пред 17.000 години. Секако, другите пештери што се наоѓаат на други места во светот откриваат други поглавја од раната историја на уметноста.

Научниците во неодамна откриената пештера во близина на етиопскиот град Дире Дава го утврдиле најстарото „уметничко студио“ во светот.

Пештерата Порк-Епик била откриена од Пјер Тејхард де Шардин и Хенри де Монфрајд во 1929 година и се смета дека датира од пред 43.000 до 42.000 години, од средното камено време.

Во оваа пештера археолозите пронашле 4.213 парчиња и околу 40 килограми окер, најголемата колекција некогаш откриена на праисториска локација во Источна Африка. Древните посетители на локацијата ги обработувале камењата богати со железо со лупење и мелење на суровините со цел да произведат ситен и светлоцрвен прав, супстанција корисна за симболички активности, како што е цртање по телото.

Со други зборови, оние што ја користеле оваа пештера богата со окер, ја користеле за да ги произведуваат своите алатки кои функционирале како боици.

2

Етиопскиот локалитет содржи толку многу окер, па всушност местото може да се толкува како израз на кохезивна културна адаптација, во голема мера споделена од сите членови на заедницата и постојано пренесувана низ времето.

Повеќе докази од места како пештерата Порк-Епик би можеле да обезбедат високо ниво на детали преку кои би можеле да составиме приказна не само за уметноста туку и за самата култура.