Мапа на земји што не треба никогаш да ги посетите

Мапа на земји што не треба никогаш да ги посетите

Подготвил: М.Д.

Постојат 16 земји во светот за кои се препорачува да не ги посетувате и се водат како опасни подрачја. Британската влада советува и за дополнителни 40 места во светот.

мапа

Министерството за надворешни работи ги советува жителите на Британија да ги избегнуваат овие шест земји, и ги советува оние што живеат таму да ги напуштат што е можно побрзо:

- Централна Африканска Република
- Либија
- Сомалија
- Јужен Судан
- Сирија
- Јемен

земји

Секоја од овие шест земји има неверојатни градови, култура, кујна и предели, но безбедноста на патниците е на прво место.

Мапата може да ја погледнете и ОВДЕ.

Sangha Trinational во Централната Африканска Држава, е град кој се наоѓа на листата на светското наследство на УНЕСКО. Познат е по реката Шанга и опфаќа три соседни прекугранични национални паркови, во големина од околу 750.000 хектари.

централна африка
Фото: iStock/Getty Images

Sabratha во Либија е археолошки локалитет кој бил феникиски трговски центар, пред да стане римски бастион во 2 и 3 век пр.н.е.

либија
Фото: PATRICK BAZ/AFP/Getty Images

Socrata Archipelago во Јемен е локалитет познат по разновидноста во живиот свет со богата флора и фауна. Пределот е речиси недопрен од луѓе и се наоѓа во северозападниот дел на Индискиот Океан.

јемен
Фото: KHALED FAZAA/AFP/Getty Images