Оглас за вработување во ЈП Македонски шуми...Отворени се 86 (осумдесет и шест) работни места

Оглас за вработување во ЈП Македонски шуми...Отворени се 86 (осумдесет и шест) работни места

Врз основа на член 37 - и од Законот за јавните претпријатија (Сл. Весник на Р. М. 6р. бр. 38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14 и 138/14, 25/2015, 61/2015 и 39/2016) и член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл. Весник на Р. М. 6р. 27/2014, 199/2014 и 27/2016) како и член 22 став 3 и член 23 oд Законот за работни односи (Сл. весник на РМ 6р. 129/201 5 и 27/2016) и врз основа на Заклучок од Влада на Р. Македонија 6р. 441 648/1 од 27. 06. 2017 година, ЈП „Македонски шуми, - Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 02/2017

За засновање на работен однос на определено време за 86 (осумдесет и шест) лица за период од три месеци Заради извршување на итни и неодложни работи за следното работно место:

- Сечач;

Работното место е во групата на даватели најавни услуги, ниво Б04 за кои кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
- степен на образование - нк, ссз, ссс
- со и без работно искуство

Работните задачи за работно место сечач опфаќаат чистење на дрвјата и жбуновите на потегот од 3 (три) метри од линијата на заедничката државна граница со Република Бугарија, од граничната пирамида број 1 (еден) до граничната пирамида број 50 (педесет).
Месечната нето плата за работното место Сечач изнесува 14.490, оо денари.

Неделно работно време за ова работно место изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот. (Работните задачи се извршуваат исклучиво на терен)

Кон пријавата кандидатите треба да ги приложат и следните документи:
- Доказ за завршено образование
- Уверение за државјанство и
- Уверение за општа здравствена состојба (лекарско уверение).

Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП „Македонски шуми,
- Скопје на ул. „Перо Наков, 6р. 128 - 1000 Скопје.
Огласот трае 15 дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 04. 08. 2017 година, a изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.