Оглас за вработување во Министерството за транспорт и врски
Согласно член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија" број 27/2014, 199/2014 и 27/2016) и член 22 став (1) алинеја 1, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ" бр. 2/2005; 106/2008; 161/2008; 114/2009; 130/2009; 149/2009; 50/2010; 52/2010; 124/2010; 47/2011; 11/2012; 39/2012; 13/2013; 25/2013; 170/2013; 187/2013; 113/2014; 20/2015; 33/2015; 72/2015; 129/2015 и 27/2016) Министерството за транспорт и врски објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на 2 (два) посебни советници во Кабинетот на Министерот за транспорт и врски на определено време
1 .Посебен советник за економски работи - 1 извршител
2. Посебен советник за правни работи1 извршител
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
-да се државјани на Република Македонија,
-со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
Кандидатите покрај општите услови предвидени со Закон, потребно е:
-за работно место од точка 1 да имаат завршено најмалку високо образование VII/ 1 степен или студии со стекнати најмалку 240 кредити од областа на Економските науки и работно искуство во струката од минимум 5 години
-за работно место од точка 2 да имаат завршено најмалку високо образование VII/1 степен или студии со стекнати најмалку 240 кредити од областа на Правните науки и работно искуство во струката од минимум 5 години
Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање.
Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар и тоа:
-доказ за државјанство
-доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност
- уверение/диплома за завршен степен на образование
- доказ за работно искуство
-кратка биографија со задолжително наведен контакт телефон и адреса
-писмо за мотивација
Распоред на работно време: Работни часови во неделата:40, работно време од понеделник до петок од 08. 30 до 16. 30 часот.
Паричниот износ на основната нето плата изнесува 36. 855 денари.
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време.
Вработувањето на посебните советници трае најдолго до истекот на мандатот на министерот за транспорт и врски.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавите со потребната документација треба да се достават во затворен плик во писарницата на Министерството за транспорт и врски или по пошта на следната адреса:Министерство за транспорт и врски ул. „Даме Груев" бр. 6, Скопје со назнака:„Оглас за посебен советник на Министерот за транспорт и врски" како и да се наведе работното место за кое се аплицира.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.
Лице за контакт: Анита Војновска Наумовска, тел. 02/3 145569
Краен рок за пријавување е 28. 07. 2017 година.