Познати научнофантастични книги кои ќе ги гледаме како серии

Познати научнофантастични книги кои ќе ги гледаме како серии

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

naucna fantastika

„Universal“ само што објави листа на нов жанр на ТВ-серии, вклучувајќи и три нови адаптации на научнофантастични книги, меѓу кои и „Sirens of Titan“, меѓупланетарен еп базиран на романот на Курт Вонегат.

„Sirens of Titan“ ја раскажува приказната за најбогатиот човек во Америка во 22 век, Малахи Констант, кој го собира своето богатство преку неговата „извонредна среќа“ за која тој верува дека е божествена сила. Но неговата среќа исчезнува кога тој ќе се најде во галаксијата како патува на Марс, Меркур, за повторно да се врати на Земјата.

Исто така, „Universal“ ги откри плановите за адаптација на три серијали на книги - Урбаната фантазија на Меги Стифватер, „The Raven Cycle“ и „Sand“ на Хју Хоуви, постпапокалиптична драма.

Третата серија е адаптација на класичниот роман на Роџер Зелазни, „Lord of Light“, напишана од коавторот на „X-Men: First Class“, приказна која го следи општеството на луѓето каде што само неколку избрани може да имаат моќ.