Гимназија Нова вработува лице за работа во кафетерија

Гимназија Нова вработува лице за работа во кафетерија

Оглас за вработување на лице за работа во кафетерија



Потенцијалниот кандидат треба да биде организирана личност, со способност за тимска работа и добри комуникациски вештини, која ќе ги почитува и поддржува училишните политики во однос на организирање, ракување со и сервирање на храна, како и одржување на хигиена. Пожелно е кандидатот да има завршено угостителско училиште и да поседува сертификат за работа со храна.  
 

Работни задолженија:
•    Организирање на набавка и прием на прехранбени артикли
•    Услуга на ученици и работен персонал со храна и пијалоци во текот на работниот ден
•    Работа на каса
•    Одржување на хигиената во кафетеријата и грижа за инвентарот
•    Поддршка на настани (кетеринг) организирани од училиштето

Потребни квалификации:
•    Завршено средно образование, предност имаат кандидати со завршено угостителско училиште
•    Добро познавање на англискиот јазик
•    Препорачливо е претходно работно искуство со ракување со храна

Заинтересираните кандидати треба да ги поднесат електронски (info@nova.edu.mk) следниве документи: CV, сертификат за завршено средно образование, други релевантни сертификати. Краен рок за поднесување на документите е 4-ти август, 2017.

Избраните кандидати ќе бидат известени и поканети на интервју.