Министерството за здравство вработува

Министерството за здравство вработува

Врз основа на член 20 - г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија" бр. 27/14, 199/14 и 27/16), член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија" број 62/2005, 10620/08, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 33/15, 72/15 и 129/15), Министерството за здравство, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување три (3) посебни советници во Кабинетот на министерот за здравство, на определено време

1. Посебни советници во кабинет на министер за прашања поврзани со здравството (3) извршители
Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС - Медицински факултет, економски науки и правни науки
најмалку 5 години работно искуство во струката
знаење на англиски или друг светски јазик
работа со компјутер
ефективна орална и писмена комуникација
нето плата: од 35. 000, 00 до 55. 000, 00 денари

работни часови во неделата: 40, работно време од 08:30 до 16:30, работни денови: од понеделник до петок.

Како посебни услови за работата во Кабинетот се предвидуваат:
работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон, заради извршување итни и неодложни работи.
Посебни советници во кабинетот на министерот ќе бидат вработени на определено време за период до истекот на мандатот на министерот.
Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена кај нотар:
1. Доказ за државјанство на Република Македонија;
2. Доказ за општа здравствена способност за работното место;
3. Доказ со правосилна судска пресуда дека не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
4. Уверение диплома за завршен степен на образование;
5. Доказ за работно искуство и
6. Кратка биографија.

Заинтересираните кандидати документите оригинали или заверени кај нотар ги доставуваат во архивата на Министерството за здравство или по пошта на адреса: Министерство за здравство - ул. 50.
Дивизија" бр. 14, Скопје со назнака: „За јавен оглас за Посебни советници во кабинетот на министерот"
Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во архивата најдоцна до денот на завршувањето на рокот на јавниот оглас.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.
Јавниот оглас ќе трае 5 (пет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот во дневните весници.
Пристигнатата документација ќе ја разгледува комисија составена од три члена, формирана од министерот за здравство, во рок од три дена по завршувањето на јавниот оглас.