Владата на Република Македонија објавува JAВЕH КОНКУРС
Врз основа на член 16 став 9 од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на РМ" бр. 50/2010, 162/2010, 157/2011,
147/2013, 41/2014, 33/2015, 193/2015 и 53/2016), Владата на Република Македонија објавува
JAВЕH КОНКУРС
1) Владата на Република Македонија ќе избере претседател и шест члена на Инспекциски совет, кои функцијата ќе ја извршуваат професионално
2) Членовите на инспекцискиот совет се избираат во следниве области:
1 еден член од областа на надзорот на пазарот, работните односи и безбедност и здравјето при работа,
2. еден член на инспекцискиот совет од областа на животната средина и заштитата на здравјето на луѓето,
3. еден член на инспекцискиот совет од областа на градежништвото, урбанизмот и транспортот,
4. еден член на инспекцискиот совет од областа на земјоделството, шумарството, ветеринарството и безбедноста на храната,
5. еден член на инспекцискиот совет од областа на образованието, науката и културата и
6. еден член на инспекцискиот совет од областа на управата.
3) За претседател на Инспекцискиот совет се избира лице кое:
е државјанин на Република Македонија што се докажува со доказ за државјанство, има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на правните или економските науки, што се докажува со уверение, има најмалку шест години работен стаж во струката по дипломирање што се докажува со потврда за работен стаж издадена од надлежен орган, активно го познава англискиот јазик, користи компјутерски програми за канцелариско работење и соодветен е за раководно работно место.
4) За член на Инспекцискиот совет се избира лице кое:
е државјанин на Република Македонија што се докажува со доказ задржавјанство, има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен и најмалку пет години работен стаж по дипломирањето во соодветната област за која се именува што се докажува со уверение и потврда за работен стаж во соодветната област, издадена од надлежен орган, активно го познава англискиот јазик, користи компјутерски програми за канцелариско работење и соодветен е за раководно работно место.
8) Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
кратка биографија
уверение за државјанство;
диплома за завршено високо образование, стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на правните или економските науки, што се докажува со уверение и доказ дека има најмалку шест години работен стаж во струката по дипломирање што се докажува со потврда за работен стаж издадена од надлежен орган. за претседател;
диплома за завршено високо образование стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен и најмалку пет години работен стаж по дипломирањето во соодветната област за која се именува, што се докажува со уверение и потврда за работен стаж во соодветната област, издадена од надпежен органза член;
9) Документите од точка 8 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена кај нотар и истите се доставуваат до Архивата на Владата на Република Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Македонија ул. „Илинденска" бр. 2 1000 Скопје со назнака: „За јавен конкурс за избор на претседател и членови на Инспекциски совет"
10) Коефициент за пресметување плата: 3, 9 согласно член 16 став 17 од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на РМ" бр. 50/2010, 162/2010, 157/2011, 147/2013, 41/2014, 33/2015, 193/2015 и 53/2016).
11) Работното време изнесува 40 (четириесет) часа неделно, односно 8 (часа) дневно во текот на работната недела, од 8:30 до 16:30, од понеделник до петокполно работно време.
12) Рок за пријавување е (5) пет работни дена сметано од денот на објавување на јавниот конкурс во дневните весници, a заклучно со 28. 7. 2017 година.
13) Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.