Оглас за вработување во Џонсон Мети: Водител на линија (Line Leader)

Оглас за вработување во Џонсон Мети: Водител на линија (Line Leader)

Реф.бр. 2017106
Оглас за работа : Водител на линија (Line Leader)
Локација: ECT Macedonia

Еmission Control Technologies е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети има потреба од кандидати за позицијата Водител на линија во Одделот за производство во фабриката за автокатализатори во Скопје.


  Главни одговорности :     
•    Проактивно и одговорно следење на принципите за заштита на животна средина, безбедност и здравје при работа
•    Усогласување на производствените процеси со предвидените планови и процедурите со цел исполнување на барањата на клиентите
•    Ефикасно предводење на тимот од оператори на производствена линија
•    Контолирање на опремата и процесите во сите области на производството (подготовка, апликации, ракување, отпад) во соодветна смена
•    Поддршка на Супервизор на линија во остварување на зададените цели во производствените процеси, со запазување на времески и квантитативни рамки
•    Ефективна комуникација со сите останати одделенија со цел достигнување на највисоко ниво на ефективност и изведба, односно спречување на загуби на ниво на целиот процес

  Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате ?

•    Најмалку две (2) години работно искуство во производствени капацитети, на раководна позиција
•    За предност ќе се смета универзитетска диплома во област на  технологија или машинство, но не е неопходна
•    Лидерски и организациски способности, способност за ефективна комуникација и делегирање задачи
•    Способност за брза реакција при промени и способност за организирање на активностите во тим
•    Познавање на Microsoft Office  пакетот
•    Добро владеење на англискиот и македонскиот јазик


Позицијата подразбира работа во смени и работа за време на викенди - 24/7;

Доколку сте заинтересирани Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик како MS Word испратете  на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com. Задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.

Краен рок за аплицирање : 02 Август 2017



Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување