Оглас за вработување во Министерството за култура

Оглас за вработување во Министерството за култура

Согласно чл. 22 став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл. весник на РМ" број 27/2014, 199/2014 и 27/2016) и чл. 22 од Законот за работните односи („Сл. весник на РМ" број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015 и 27/20 16)Министерството за култура објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
на посебен советник во Кабинетот на Министерот за култура, на определено време и тоа:

Назив на работно место: Советник за правни работи 1 (еден извршител)

Општи услови:
да е државјанин на Република Македонија,
да е полнолетен
да има општа здравствена способност
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Покрај општите услови предвидени со Закон кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови:
Да има завршено високо образование VII/ 1 степен од областа на правни науки со положен правосуден иепит;
Познавање на англиски јазик;
Да има најмалку 10 години работно искуство
Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оригинална форма или во копија заверена кај нотар

Покрај потребната документација за пријавување на огласот да се достави и:
Кратка биографија
Писмо за интерес со наведени телефонски број и меил адреса за контакт)
Распоред на работно време работни часови во неделата 40; работно време од 8:30 до 16:30 работни денови: од понеделник до петок
Паричен износ на основната нето плата :37. 000 денари
Како посебни услови за работа во Кабинетот се предвидуваат: работа за време на празници утврдени со закон и работа за време на неделен одмор за извршување на итни и неодложни работи.

Согласно законските одредби, посебните советници во кабинетот на Министерот за култура склучуваат договор за вработување на определено време, a вработувањето трае до истекот на мандатот на функционерот во чиј кабинет се врботени. За времетраењето на договорот за вработување во кабинетот, на посебните советници им мирува работниот однос во институцијата или компанијата во
која се вработени.
Правата и должностите на посебните советници се уредуваат со општите прописи за работните односи.
Рокот за пријавување е 5 дена од денот на објавувањето.
Изборот на кандидатот ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.
Заинтересираните кандидати можат да ја достават потребната документација во писарницата на Министерството за култура или по пошта на следната адреса:Министерство за култура уп. „Гуро Гаковиќ бр. 61 Скопје со назнака:„Оглас за посебен советник во кабинетот на Министерот за куптура"
МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА