Оглас за вработување во Министерството за образование и наука
Врз основа на член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија" бр. 27/141, 199/14 и 27/16) и член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија" бр. 62/05, 106/08, 161/8, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16) Министерството за образование и наука објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за засновање на работен однос на определено време во
Министерството за образование и наука
Огласот опфаќа вработување на 1 (едно) лице на определено време за период додека трае мандатот на министерот за образование и наука, за следното работно место
Посебен советник за иновации и иновациска дејност - 1 извршител;
Кандидатите покрај општите услови: да се државјани на Република Македонија и со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност, треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
Вид на образование -најмалку 240 кредити според ЕКТС или
VI 1/1 степен на стручна подготовка, општествени науки
Работно искуство во струката - најмалку 1 година практично искуство во струката
Други професионални квалификации способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети:
- познавање на англискиотјазик;
- решавање на проблеми и носење одлуки;
- остварување на резултати;
- работење со други/тимска работа
Јавниот оглас трае 5 (пет) работни дена од денот на објавување, односно најдоцна до 31 .07. 2017 година до 16:30 часот, a изборот на кандидатите ќе се изврши најдоцна до 04. 08. 2017 година.
За горенаведеното работно место неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (8:3016:30), a основната плата изнесува 36. 833, 00 денари.
Со пријавата покрај кратка биографија, кандидатите се должни да достават и соодветни докази во оригинална форма или копија заверена кај нотар, во поглед на општите и посебните услови и тоа:
Диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место, Потврда за работното искуство, Уверение за познавање англиски јазик, Државјанство и Уверение дека не е изречена судска забрана за вршење на професијата, дејност или должност.
Бараните документи се доставуваат во затворен коверт со напомена: "Да не се отвора" на следнава адреса:
Министерство за образование и наука
Одделение за управување со човечки ресурси
бул. Св. „Кирил и Методиј" 54 Скопје
(со назнака "за оглас") Скопје
Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде разгледана.
Министерство за образование и наука