После 32 години постоење, „Мајкрософт“ го убива „Пеинт“

После 32 години постоење, „Мајкрософт“ го убива „Пеинт“

Подготвил: Б.Б.

Лектор: Ивана Кузманоска


Умира додатокот Пеинт во надградбидет на Виндоус 10

„Мајкрософт“ подготвува ново ажурирање на системот „Виндоус 10“ под името Autumn Creators Update, со многу нови опции. Меѓутоа, еден од најдолговечните додатоци на „Виндоус“ ќе престане да постои – Мајкрософт Пеинт.

Првпат „Пеинт“ бил објавен со првата верзија на „Виндоус 1.0“ во 1985 и бил еден од првите графички уредници (едитори) што го користеле милиони луѓе.

На почетокот постоел како еднобитна црно-бела лиценцирана верзија на PC Paintbrush на ZSoft-овиот, а дури со „Виндоус 98“ можел да прави слики во JPEG формат.

Со новата верзија на „Виндоус 10“ ќе пристигне Paint 3D, кој има и опции за создавање 3D слики и кој нема ништо слично со стариот „Пеинт“.

Иако никогаш не бил особено напреден, секогаш сте можеле да го користите за нешто да начкртате или да направите брз cut/paste потег.

„Мајкрософт“ сè уште не потврдил дека ќе ја отстрани долговечната апликација, но изгледа како деновите дефинитивно да ѝ се одброени.