Првпат ќе можете да ја посетите Меѓународната вселенска станица со Google Street View

Првпат ќе можете да ја посетите Меѓународната вселенска станица со Google Street View

Подготвил: М.Д.

Лектор: Ивана Кузманоска

Веројатно сте го користеле Google Street View за да проверите одредена локација или сообраќај пред да излезете од дома. Отсега ќе имате можност да патувате малку подалеку од планетата.

станица
Фото: Courtesy of Google Maps

Имено, корисниците ќе можат „да се прошетаат“ до Меѓународната вселенска станица од нивниот компјутер.

Уличниот поглед е фотографиран од Томас Пескует, астронаут од Европската вселенска агенција, кој помина шест месеци во станицата пред да се врати на Земјата, во јуни.

Google Street View постои од 2007 година и за брзо време на сервисот почнаа да се прикажуваат многу познати локации од светот.


Во неговата статија на блогот, Пескует објаснува дека било тешко да се најдат зборови или да се направи фотографија што го објаснува чувството да се биде во вселената.

На неговата неодамнешна мисија тој работи на фотографирање на станицата однатре, но и како изгледа од вселената. Тој објаснува дека тоа е место во кое темпото на работа е забрзано, се работи 12 часа на ден со 6 члена од екипажот. Исто така, додава дека имаат многу пречки и лимитирано време да ги направат сликите, и затоа мора многу сериозно да пристапат на работата.

Фотографиите откриваат средина која може да им изгледа хаотично на оние што се наоѓаат на Земјата, но некои сцени од внатрешноста се многу смирувачки.

На материјалот кој корисниците на Google Street View ќе можат да го видат има детални објаснувања за вселената и за објектите за тие да знаат во што всушност гледаат.

Меѓународната вселенска станица е „голем вселенски брод“ кој кружи околу орбитата со повеќе од 28.160 км на час и е дом на астронаутите околу светот.

За да знаете кое е најдоброто време да ѕирнете во неа, кликнете ОВДЕ.