Град Скопје вработува!

Град Скопје вработува!

Врз основа на член 50 став 1 точка 9, од Законот за локалната самоуправа (Сл. весник на РМ бр. 05/02), a во врска со член 29 став 3 од Законот за културата (Службен весник на Република Македонија, бр. 31/1998; 49/2003; 82/2005; 24/2007; 116/2010; 47/2011; 51/2011; 136/2012; 23/2013; 187/2013; 44/2014; 61/2015; 154/2015 и 39/2016) и член 27 став 2 од Статутот на ЈУ „Музеј на Град Скопје, - Скопје, Градоначалникот на Град Скопје распишува

ЈАВЕН ОГЛАС
За избор на директор на јавна установа
„Музеј на Град Скопје" - Скопје

1 Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- да е државјанин на Република Македонија;
- во моментот на избирањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на високо образование;
- да има минимум пет години работно искуство во областа на културата;
- да има еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ - најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (ИЕЛТС) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (Б2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен или
- БУЛАТС (BULATS)
- најмалку 60 бода;
- да има положено психолошки тест и тест за интегритет.

2. Кандидатите се должни покрај доказите за исполнување на горенаведените услови да ги достават и следните документи:
- Пријава со кратка биографија
- Доказ за работен стаж
- ПредлогПрограма за работа и развој на установата

3. Потребната документација кандидатите се должни да ја достават во оригинал или копија заверена на нотар.

4. Рокот за поднесување на потребна документација изнесува 30 работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневниот печат.

5. Ненавремената, некомплетната и неуредната документација нема да биде предмет на разгледување. Пријавите на Конкурсот се доставуваат на следната адреса:

Јавна установа „Музеј на Град Скопје" - Управен одбор
(за конкурс)
Адреса на установата: ул. „Кирил и Методиј, бб 1000 Скопје, Р. Македонија

Градоначалник на Град Скопје
Коце Трајановски