Илон Маск вели дека Зукерберг има ограничено разбирање за вештачката интелигенција

Илон Маск вели дека Зукерберг има ограничено разбирање за вештачката интелигенција

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Марк Зукерберг коментирал во врска со вештачката интелигенција, велејќи дека луѓето што предупредуваат на трагични сценарија што се однесува до вештачката интелигенција се неодговорни.

фото извор: Zero Hedge

Ова предизвика реакција од Илон Маск, кој возвратил со коментар на „Твитер“ велејќи дека познавањето на Зукерберг за тематиката е ограничено.

Основачот на „Фејсбук“ го дал коментарот за време на интервју во живо со корисниците, а во прашањето што го одговарал бил споменат и Маск. Основачот, пак, на „Тесла“, „Спејс Екс“ и „Неуралинк“, во неколку наврати има споменато дека човештвото треба да биде загрижено поради вештачката интелигенција.
Зукерберг во интервјуто истакнал дека е оптимист во врска со напредокот на оваа област бидејќи вештачката интелигенција ќе донесе многубројни подобрувања во нашите животи.

Вештачката интелигенција е една од најчесто споменуваните теми во технологијата во моментов. Сепак, невозможно е да се каже дали Зукерберг или Маск е во право во врска со насоката во која се движи светот со вештачката интелигенција. Останува да се види што ќе донесе иднината.