Проверете си го пасошот пред да ги посетите овие земји

Проверете си го пасошот пред да ги посетите овие земји

Подготвил: М.Д.

Лектор: Ивана Кузманоска

Пасошите имаат рок до кога им трае важноста, но повеќето земји бараат најмалку шест месеци валидност за да дозволат пристап.



Па, зошто е ова потребно? Тоа главно има врска со мерките за претпазливост за виза, да се осигураат дека ќе имате валидни документи кога ќе ви заврши посетата и кога ќе ја напуштате земјата.

Додека во повеќето азиски земји се бараат шест месеци валидност, во Канада пасошот треба да е валиден само за време на престојот.

Валидност на денот на пристигнувањето

Нов Зеланд: не се потребни визи, а пасошот треба да е валиден на денот на пристигнувањето.

Валидност за време на престојот


Канада: осигурете се дека пасошот ќе ви биде валиден за време на престојот и организирајте електронско патничко одобрување пред пристигнувањето – ново барање кое е воведено во март 2016.

САД: ако престојувате помалку од 90 дена, пасошот не мора да има важност до шест месеци, само за време на вашата посета. Но за граѓаните на Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен од 2011 важат други правила за кои треба да се информираат во американската амбасада.

Валидност до шест месеци од денот на враќање

Шенгенската зона: благодарение на Шенгенската конвенција, има една работа помалку за која може да се грижите кога планирате тура во Европа. Шенгенската зона ја сочинуваат 26 земји во кои се патува без виза до останување во рок од 90 дена.  Само осигурете се дека имате печат со датум на првото влегување во неа и дека пасошот ќе ви биде валиден шест месеци откако ќе се вратите дома. Држави што спаѓаат во шенген-зоната се: Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Италија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Словенија, Словачка, Шпанија, Шведска и Швајцарија.

Велика Британија: иако не е дел од шенген-зона, за пасошот важи истото право.

Кина: за да ја посетите Кина, на вашиот пасош му е потребна валидност од шест месеци по датумот кога планирате да заминете, а потребна ви е и виза.