Дефектолог-логопед советува: Во никој случај не смирувајте ги вашите бебиња со смартфони!

Дефектолог-логопед советува: Во никој случај не смирувајте ги вашите бебиња со смартфони!

Подготвил: Б.Б.


Бебе со смартфон во рацете


Родителите честопати им даваат смартфони и таблети на своите палави малечки за да ги смират кога се возбудени, но експертите предупредуваат дека тоа може да има и несогледливи последици. Тие и порано ги нагласувале штетните последици врз развојот на децата доколку поголемиот дел од слободното време го поминуваат пред екраните на компјутерите, телевизорите, мобилните телефони и таблетите, а последните истражувања докажаа дека последиците можат да бидат сериозни и тешко поправливи на подоцнежна возраст.

Истражувањето на Американската академија на педијатри во неодамнешниот извештај потврди дека бебињата што си играат со смартфони или таблети покажуваат тешкотии при проговорувањето, објаснува дипломираниот дефектолог-логопед Драгана Филиповиќ, истакнувајќи дека особено треба да се внимава на бебиња на возраст од шест месеци до две години.

„Бебињата на оваа возраст кои поминуваат подолго време пред екраните покажуваат тешкотии во прозборувањето, именувањето на објектите, формирањето на реченици. Бројот на зборови во нивниот вокабулар, во споредба со нивните врсници, е значајно под просекот на возраста. Многу родители посегнуваат по таблет или мобилен телефон како средство за смирување на палавите дечиња, или за да им го одвлечат вниманието кога ги хранат со здрава, но неомилена храна. Меѓутоа, ваквата стратегија не е добра затоа што создава дополнителни проблеми“, предупредува таа.