Оглас за вработување во КАРАОРМАН АД Скопје

Оглас за вработување во КАРАОРМАН АД Скопје

КАРАОРМАН АД Скопје, ул Перо Наков бр. 144 Скопје, објавува:

ОГЛАС 3A ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР

1. Работни обврски:
-Контрола и надзор во извршување на градежни работи;
-Комуникација и координација со изведувачот и инвеститорот;
-Соработува со општинските одделенија за урбанизам, проучува детални урбанистички планови;
-Следи тендери, огласи и други известувања кои се однесуваат на градби на објекти и локации;
-Следи прописи и законски акти од Законот за градежништво и слични закони;

2. Потребни квалификации:
-ВСС - градежен факултет (дипл. градежен инженер)
-одлично познавање на компјутерските програми;
-познавање на англиски јазик;
-поседување на возачка дозвола -Б категорија;
-лојалност и одговорност;
-кандидатите треба да бидат комуникативни и прилагодливи, подготвени и ориентирани за тимска работа во динамична работна атмосфера;

З. Заинтересираните кандидати можат да аплицираат со доставување на кратка биографија (CV) на следниот email: olivera@karaorman.com.mk

4. Само кандидатите кои ке влезат во потесен круг, ке бидат контактирани.