Отворено е ново работно место во Џонсон Мети... Се бара Инженер за осигурување на квалитет

Отворено е ново работно место во Џонсон Мети... Се бара Инженер за осигурување на квалитет

Реф.бр. 2017104
Оглас за работа : ИНЖЕНЕР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ (Customer Quality Engineer)
Локација: Скопје, Македонија


Еmission Control Technologies е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети има потреба од кандидат за позицијата Инжинер за системи за квалитет да се придружи на тимот во Одделот за осигурување на квалитет во фабриката за автокатализатори во Скопје. Кандидатот ќе биде задолжен за ефикасно водење и координација на тим во Одделот, организација и извршување на останати активности поврзани со квалитет на клиенти и системи.

Главни одговорности

• Континуирано унапредување на системот за контрола на надворешна и внатрешна дoкументација за сите оддели, во согласност со ISO/TS 16949 барањата
• Учество во процесот на претставување на нови производи подготвувајќи задолжителна документација
• Истражување и понуда на соодветни решенија за поплаки од купувачи
• Подготовка и ажурирање на базата на податоци на производи, работни процедури во врска со барањата за квалитет на клиентите
• Имплементирање на ЛЕАН активности и најдобри практики во Одделот за квалитет, како и реализација на обуки за квалитет во одделот за производство

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате ?

• Универзитетска диплома (Инженер / Технички науки)
• Работно искуство во производствена средина
• Познавање на системите за квалитет
• Задолжително е добро владеење на англискиот и македонскиот јазик, познавање на германскиот јазик ќе се смета за предност
• Напредно ниво на познавање на MS Office пакетот (Excel, Word, PowerPoint)
• Добри организациски и комуникациски способности, менаџирање на време

Позициите подразбираат работа во административна смена од 08:30-16:30ч. понеделник до петок

Доколку сте заинтересирани испратете ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.

Краен рок за аплицирање : 07 Август 2017

Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување