Што се случува со швајцарскиот франк?

Што се случува со швајцарскиот франк?

Подготвил: М.Д.

Лектор: Ивана Кузманоска

Швајцарскиот франк, како и американскиот долар и златото, има статус на сигурно прибежиште во несигурни времиња.

франк
Фото: Duško Jaramaz / Pixsell

Последните неколку месеци сè повеќе се зборува за потребата за подигање на каматните стапки во Европа, врз основа на што еврото и британската фунта нагло зајакнуваат во однос на американскиот долар. Но, малку парадоксално, швајцарскиот франк, кој е трета најважна валута во Европа, врз основа на истите вести, почнува да слабее. Во моментот на пишувањето на анализите на платформите Адмирал Маркетс EUR/CHF изнесува 1.1400, што е најслабо ниво на франкот во последните две и пол години.

Швајцарскиот франк, како и американскиот долар и златото, има статус на сигурно прибежиште во несигурни времиња. Тоа значи дека јакне кога излегуваат лошите политички и економски вести. Токму тоа е главната причина за наглото јакнење на валутата во време на финансиска криза. Во меѓувреме кризата се смири, а сега дојде до ситуација во која дури и Европската централна банка планира да почне да подига каматни стапки. Бидејќи токму земјите од еврозоната поминаа низ најлошата рецесија пред неколку години, може да се каже дека кризата дефинитивно е завршена и дека за глобалната економија следуваат барем неколку добри години.

Дали швајцарскиот франк и понатаму ќе слабее?

Ако продолжат позитивните трендови во американската и во европската економија, може да се очекува франкот и понатаму да слабее. По големината на моделот за процена на фер вредности на валутата, франкот сѐ уште е далеку од најпреценетата валута на светот, што значи дека простор за слабеење сѐ уште има. Освен тоа, официјалниот став на Швајцарската централна банка е дека франкот е премногу јак и дека ѝ штети на швајцарската економија, па затоа мора да слабее. Во таква ситуација, аналитичарите на Адмирал Маркетс сметаат дека сѐ до крајот на годината може да се очекува слабеење на франкот во однос на еврото од барем неколку проценти.

Доколку глобалната економска ситуација навистина продолжи да се подобрува, исто така може да се очекува слабеење и на американскиот долар и на јапонскиот јен, но и пад на цената на златото.