„Grawe Real Estate Group“ ја презеде сопственоста врз ХИПЕРИУМ Бизнис Центар во Скопје, Македонија

„Grawe Real Estate Group“ ја презеде сопственоста врз ХИПЕРИУМ Бизнис Центар во Скопје, Македонија



FORTON / CUSHMAN&WAKEFIELD ГО ВОДЕШЕ И ЗАТВОРИ ПРОЦЕСОТ НА ПРОДАЖБАТА




Скопје, Августt 03, 2017 - Инвеститорот во недвижности “Grawe Real Estate Group“ во целост ја презеде сопственоста врз Хипериум Бизнис Центарот во Скопје. FORTON, како партнер на CUSHMAN&WAKEFIELD за Македонија, го водеше процесот на продажба, претставувајќи го продавачот, Centrice Real estate GmbH.

До 14-ти јули 2017 година, Хипериум Бизнис Центарот беше во целосна сопственост на Centrice Real estate GmbH, компанија со седиште во Австрија.

Хипериум Бизнис Центарот е А класа канцелариски простор, кој се наоѓа во централната бизнис зона во Скопје. Објектот вклучува површина од 7.000 м2 за изнајмување, со 170 паркинг места. Како закупци се сместени високо репутабилни интернационални компании како што се: Triglav Insurance, OSCE, PWC, CISCO Systems итн. Благодарение на неговата премиум локација и квалитет, Хипериум Бизнис Центарот претставува објект кој генерира стабилни приходи. Атрактивната можност за инвестирање во стабилни парични текови (приходи) генерирана од стабилни закупци го привлече вниманието на домашните и странските инвеститори во процесот на продажбата.

Одлуката на “Grawe Real Estate Group” да го преземе Хипериум Бизнис Центарот се заснова на целосното подобрување на средината и нивната доверба во проектот. Со преземањето на Хипериум Бизнис Центарот, “Grawe Real Estate Group” ја зајакнува својата водечка позиција во недоволно снабдениот пазар на класа А канцелариски простор.

По периодот на стагнација во последните дванаесет месеци, продажбата на Хипериум Бизнис Центарот покажува дека интересите на инвеститорот се насочуваат кон недвижности кои генерираат стабилни приходи. Очекуваме дека ваквиот позитивен тренд ќе се протега и на останатите сегменти на пазарот, вели Влатко Богоевски, Генерален директор и Партнер во Forton/Cushman&Wakefield.

Forton/Cushman&Wakefield и понатаму останува водечка консултантска компанија на полето на недвижности на македонскиот пазар со трансакции со вкупен обем од повеќе од 28 милиони ЕУР во последните 8 месеци.