Агенција Рејтинг вработува ПР асистент

Агенција Рејтинг вработува ПР асистент

Агенција Рејтинг има потреба од мотивиран ПР асистент кој ќе му помага на нашиот тим при осмислување и реализација на кампањи. Позицијата дозволува огромен напредок во компанијата и можност да се соработува со врвни клиенти и експерти од областа.

Нашиот идеален кандидат е креативна личност со завршено високо образование во областа на односи со јавноста и комуникации. Од особена важност ни е кандидатот да биде посветен на професијата со одлични вештини за пишување и истражување. Кандидатот треба да има интерес и желба за развој во областа на политичките комуникации и добро познавање и следење на политичките случувања во земјата и светот. Се бара перфектно познавање на англиски јазик и одлични истражувачки вештини. Доколку сте организирана, самоуверена и комуникативна личност, тогаш би сакале да Ве запознаеме.

Должности:
- Одржување на календари (прес конференции и други настани) и медиумски листи.
- Асистирање при организирање и спроведување на настани, кампањи и слично.
- Спроведување на истражување на интернет и правење извештаи
- Пишување на соопштенија за медиуми.
- Едитирање на видеа и креирање на презентации.
- Следење на медиумска покриеност и веб аналитика.
- Извршување на општи административни работи
- Одржување на профили на социјални мрежи
- Политичка анализа и квалитативна анализа на медиумска содржина

Кандидатот треба да:
- Има искуство како ПР асистент или да работел на слична позиција.
- Има завршено високо образование во областа на односи со јавноста, комуникациски науки или друго релеватно поле.
- Ги разбира основните ПР и маркетинг концепти и практики.
- Биде подготвен/а будно да ги следи трендовите во релевантните индустрии.
- Биде вешт со компјутери; работа со софтвер за видео и графичко едитирање е предност
- Поседува одлични вештини за комуникација и пишување.
- Биде добро организирана личност која исполнува рокови.
- Има око за детаљи и аналитика.

Работно време е од 9 до 17, но Пр-от како професија бара флексибилност и достапност. Заинтересираните кандидати да испратат резиме на jobs@rating.mk