Девет годишно дете аплицирало за работа во НАСА

Девет годишно дете аплицирало за работа во НАСА

Подготвил: Маја Пероска

НАСА деновиве бара некој кој ќе биде заинтересиран да работи како планетарен заштитен офицер. Џек Дејвис испратил навистина убедувачка апликација. Тој писмото го напишал рачно и ги објаснил своите таленти и претходно искуство.

фото извор: НАСА

„Драга НАСА

Моето име е Џек Дејвис и би сакал да аплицирам за отворената работна позиција. Можеби имам 9 години, но мислам дека одговарам за работата. Една од причините е што мојата сестра ми вели дека сум вонземјанин  и исто така, имам гледано многу филмови со вонземјани. Сум го гледал шоуто „Агентите од штит на Марвел“ и би сакал да го гледам филмот „Мажи во црно. Одличен сум во видео игри. Млад сум, па можам да учам да размислувам како вонземјанин.

Искрено,

Џек Дејвис

Чувар на галаксијата

Четврто одделение“

Од НАСА му вратиле писмо на Џек за да му се заблагодарат на интересот. Од агенцијата му потенцирале дека тие имаат силен фокус кон едукацијата на идните генерации.


фото извор: НАСА