СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД ТИМОТ НА ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ!
Еуролинк Осигурување А.Д. Скопје има потреба од проширување на својот тим во централата во Скопје и за таа цел објавува оглас за 2 работни позиции:
1. АНАЛИТИЧАР ЗА ИТ ПОДДРШКА
Тип на договор: на определено време на 3 месеци со можност за продолжување
Работно време: 40 часа неделно работно време
Број на работни места - 1
Минимум потребни квалификации
• Добро познавање на Windows 7, Windows 8, Windows 10, XP and Vista
• Добро познавање на Microsoft Office од 2007 до 2016
• Добро разбирање на компјутерските системи
• Способност за дијагностицирање и разрешување на основни технички проблеми
• Познавање на англиски јазик
• Возачка дозвола Б категорија
• Претходно искуство во работа на иста или слична позиција ќе се смета за предност
• Работното искуство во финансиска индустрија ќе се смета за предност
Опис на работно место и одговорности
• Прво ниво на техничка поддршка на крајните корисници на системот за различни технички проблеми поврзани со софтверски апликации;
• Добро познавање на апликациите на информациониот систем на компанијата и начини на нивна примена;
• Консултативна поддршка по телефон или корисничка обука во врска со користење на апликативниот софтвер;
• Дијагностицирање на проблеми поврзни со хардвер или периферна инфраструктура, нивно разрешување или проследување до ИТ тимот или добавувачите на ИТ услуги;
• Документирање на ИТ проблеми, пријавување и следење до конечно разрешување.
Бенефиции за избраниот кандидат
• Работа во динамична и перспективна средина;
• Можности за личен и професионален развој преку обуки и семинари;
• Вработување во реномирана и перспективна компанија;
• Компетативна плата – по договор.
Способности и вештини:
• Иновативност, проактивност, работа во тим, комуникација и организација, способност за објаснување на идеи со технички и лесен-за-корисници јазик, прецизност, точност;
• Позитивен неконфликтен пристап во контактот со корисниците;
• Способност за добро изразување и составување дописи со недвосмислена и прецизно формулирана содржина;
• Иницијативност и спремност за помош во решавање на различни прашања од корисничка природа при користење на софтверските апликации;
• Аналитички пристап во работата.
2. СОРАБОТНИК ВО IT HELP DESK
Тип на договор: на определено време на 3 месеци со можност за продолжување
Работно време: 40 часа неделно работно време
Број на работни места - 1
Минимум потребни квалификации
• Искуство во системско одржување и администрација на оперативни системи;
• Познавање на мрежни уреди и сигурносни решенија (Firewall решенија, Антивирусни решенија, Анти спам решенија и сл.);
• Познавање на оперативни системи (Windows и Linux) и системски продукти;
• Познавање на Microsoft домен инфраструктура Active Directory;
• Познавање од мрежни инфраструктури;
• Познавање на виртуелни околини;
• Познавање на англиски јазик;
• Возачка дозвола Б категорија.
Опис на работно место и одговорности
• Техничка поддршка на серверска и мрежна опрема;
• Администрација на виртуелни околини;
• Администрација во домен инфраструктура;
• Администрација на Антивирус, Анти Спам уреди и други сигуроносни решенија;
• Администрација на бекап решенијата;
• Поддршка на клиентска Windows инфраструктура;
• Прво ниво на техничка поддршка на крајните корисници на системот за различни технички проблеми поврзани со софтверски апликации.
Бенефиции за избраниот кандидат
• Работа во динамична и перпективна средина;
• Можности за личен и професионален развој преку обуки и семинари;
• Вработување во реномирана и перспективна компанија;
• Компетативна плата – по договор.
Способности и вештини:
• Иновативност, проактивност, работа во тим, комуникација и организација, способност за објаснување на идеи со технички и лесен-за-корисници јазик, прецизност, точност;
• Позитивен неконфликтен пристап во контактот со корисниците;
• Способност за добро изразување и составување дописи со недвосмислена и прецизно формулирана содржина;
• Иницијативност и спремност за помош во решавање на различни прашања од корисничка природа при користење на софтверските апликации.
Ве молиме испратете кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 18.08.2017г. на следните адреси: kariera@eurolink.com.mk, или по пошта:
До: Еуролинк осигурување А.Д. Скопје
Сектор за човечки ресурси и маркетинг
Со назнака: Аналитичар за ИТ поддршка или Соработник во IT HELP DESK во зависност од позицијата за која аплицирате
Ул: Никола Кљусев бр. 2, 1000 Скопје
Рок за избор на кандидати: 30 дена од рокот на пријавување.
Напомена: Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.