Оглас за вработување во ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар Скопје

Оглас за вработување во ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар Скопје

Врз основа на член 156, 157, 158, 159, 160 и 1646 од Законот за здравствената заштита (Сл. весник на Р. М. бр. 43/12, 145/12, 87/13, 39/14, 43/14, 10/15, 154/15, 192/15, 17/16, и 37/16) Согласност за вработување од Министерството за финансии бр. 1814895/2 од 14. 10. 2016 година и Согласност за вработување од Министерството за финансии бр. 187086/2 од 03. 08. 2017 година и Одлука за објавување на Јавен оглас бр. од .2017 година од в. д. медицинскиот директор науч. сор. д-р Реџеп Сељмани d-r sci. и организацискиот директор м-р Александар Стаменковиќ на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар Скопје објавува

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на 10 (десет) мсдицинскп сестри на неопределено време

1 .ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар Скопје има потреба за вработување на 10 (десет) медицински сестри на неопределено време

2. Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Законот за здраветвената заштита,
-да е државјанин на РМ,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност и
-да не му е изречена со правосилна одлука забрана на вршење на професија, дејност или должност

3. Покрај со закон утврдените општи услови кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни улови:
- Завршено средно медицинско образование(образовен профил медицинска сестра техничар)
- Положен стручен испит
- со или без работно искуство

4. Работно време од 40 часа неделно и основна нето плата 18. 200, 00 денари

5. Во прилог на пријавата кандидатите се должни да ги достават следните документи:
- пријава со податоци за контакт;
- кратка биографија (CV);
- Уверение за државјанство (оригинал или копија заверена кај нотар);
- Лекарско уверение за општа здравствена способност, не постаро од 6 месеци (оригинал или копија заверена кај нотар);
- Уверение дека не му е изречена со правосилна одлука забрана за вршење професија, дејност или должност, не постаро од 6 месеци оригинал или копија заверена кај нотар);
- Доказ за завршено средно медицинско училиште образовен профил медицинска сестра техничар) и тоа Сведителствата од сите 4 (четири) години во кое е наведен успехот што е постигнат во СМУ за секоја година посебно(оригинал или копија заверена кај нотар);
- доказ за положен стручен испит (оригинал или копија заверена кај нотар);

6. Рокот за пријавување на јавниот оглас е 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето.

7. Ненавремената, нецелосната и неуредната документација нема да биде предмет на разгледување од страна на комисијата за селекција на кандидати.

8. По извршената селекција на пријавените кандидати за медицински сестри кои ги исполнуваат условите согласно јавниот оглас, ќе биде спроведен квалификационен испит согласно член 160 од Законот за здравствената заштита.

9. Пријавата со целокупната потребна документација и телефон за контакт, да се достават до ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центарСкопје ул. Водњанска бр. 17, по пошта или во архивата на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центарСкопје, a со назнака за Јавен оглас за вработување.

ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центарСкопје