Оглас за вработување во Министерство за животна средина и просторно планирање

Оглас за вработување во Министерство за животна средина и просторно планирање

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија, бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16 и 142/16) и Уредбата за спроведување на постапкатаза вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија, бр. 90/15), a во врска со член 20г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија, бр. 27/14, 199/14 и 27/16) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија, 6р. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ - 33/2017

за вработување на 1 државни службеници од Г рупа I, подгрупа I во „Министерство за животна средина и просторно планирање за следните работни места:

1. УПР0101Б03000 Помошник раководител на сектор отп. ад 1 извршител(и)

Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
-активно да го користи македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место,

Посебни услови:
ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Архитектура, урбанизам и планирање, градежништво и водостопанство, животна средина најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор

Општи работни компетенции:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест ориентираност кон странките/засегнати страни
- раководење и финансиско управување

Посебни работни компетенции:
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- потврда за положен испит за административно управување
- познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски теетатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на Б1 (В1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 3, 5 4, 5 поени, ПЕТ, БЕК П, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 450 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 135 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 45 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат.
познавањето на англиски јазик може да се докаже и со приложување на меѓународно признатиот сертификат no НАТО стандардот STANAG 6001 на соодветното ниво, при што административните службеници од категорија БЗ и Б4 треба да поседуваат сертификат со STANAG 2222

Распоред на работно време: - Работни денови понеделник - петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 08:30 до 16:30
Паричен нето износ на плата: 31 .305, 00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2017 год. се Македонец(ка) 1.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 денови, сметано од денот на објавувањето на огласот.
По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Фаза 1 административна селекција се спроведува во рок од 1 5 дена од завршувањето на објавениот оглас.
Фаза 2 - испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, a подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.
Фаза 3 проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 1 0 дена од завршување на фаза 2.
Фаза 4 - Тест на личност се спроведува во рок од 15 дена од завршување на фаза 3.