Пробајте го овој начин на лупење праски

Пробајте го овој начин на лупење праски

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Корисничка на „Твитер“ од Јапонија споделила видео во кое лупи праска користејќи ги своите раце. Видеото било споделувано повеќе од 52 илјади пати.


Девојката што го споделила видеото изјавила дека случајно прочитала објава на „Твитер“ за поставување на праските во топла вода во времетраење од 20 секунди, а потоа во студена вода во времетраење од 5 минути, пред да се излупат, и одлучила тоа да го примени.

По една недела, нејзиното видео предизвикало низа коментари и реакции на социјалните мрежи.

Видеото може да го погледнете овде.