Зошто овие 32 симболи се наоѓаа во античките пештери низ Европа?

Зошто овие 32 симболи се наоѓаа во античките пештери низ Европа?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Пишаниот јазик, обележје на човечката цивилизација, не се појавил тукутака во еден ден. Илјадници години пред целосно развиените системи за пишување, нашите предци пишувале геометриски знаци по ѕидовите на пештерите во кои се засолнувале.

Палеоантропологот Женевив фон Пецингер ги проучувала овие прастари симболи во пештерите низ Европа. Еднообразноста на нејзините наоди укажува на тоа дека графичката комуникација и способноста за зачувување и пренесување пораки подолго од еден момент може да се постари отколку што мислиме.