Кратко објаснување на кризата во Северна Кореја

Кратко објаснување на кризата во Северна Кореја

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Кризата во Северна Кореја се заканува да донесе нуклеарна војна, работите се многу комплицирани.


Зошто Северна Кореја сака нуклеарно оружје?

Корејскиот Полуостров бил поделен по Втората светска војна и комунистите од Северот развиле диктаторство по примерот на Сталин. Речиси целосно изолирана од светот, нејзините лидери велат дека нуклеарните способности се единствената пречка против која надворешниот свет сака да се бори и да ја уништи.

Колку се блиску?

Тестирале нуклеарни уреди 5 пати досега. Експертите сметаат дека земјата е блиску до развивање нуклеарни боеви глави кои можат да се постават во ракета. 

Пјонгјанг гледа на САД како на главен противник, но исто така има ракети што ги насочува и кон Јужна Кореја и Јапонија, каде што има американски трупи.

Што било направено за да бидат спречени?

Преговорите со земјата се неуспешни. Обединетите нации имплементираа остри санкции, но ефектот е мал. Кина, единствениот сојузник од север, исто така врши економски и дипломатски притисок.

САД се закануваат со воена сила.

Дали овој пат е вистинскиот?


Кризата трае со години, но вмешувањето на САД и нивната војска е голема промена на играта. Пјонгјанг се закани дека размислува за напад во близина на Гуам, пацифичка територија на САД.

Нуклеарните конфронтации изгледаат пореално од кога било, но уште не може да се зборува со сигурност.