Бесплатен курс за дизајнерско размислување од Универзитетот „Стенфорд“

Бесплатен курс за дизајнерско размислување од Универзитетот „Стенфорд“

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Ако ги прашате денешните млади што сакаат да бидат кога ќе пораснат, сигурно често ќе го слушнете зборот „дизајн“. Кога ќе ги прашате што значи поимот, ќе добиете низа различни одговори.


Концептот на дизајнот и дизајнирањето, како и тоа да се биде дизајнер, звучи навистина моќно, но како да се дефинира на корисен начин со кој ќе може да се примени во повеќе случаи?

Низа одговори нуди 90-минутниот курс за дизајнерско размислување, кој е производ на Универзитетот „Стенфорд“. На курсот дизајнираното размислување се дефинира како процес во кој се обидуваме да го разбереме корисникот, да ги редефинираме проблемите во обид за идентификување на алтернативните стратегии и решенија.

Оној што користи дизајнерско размислување знае како да пристапи на нови, незгодни проблеми во различни сектори и работи чекор по чекор за да изнајде решенија. На универзитетот се обидуваат да им ги пренесат принципите на дизајнерското размислување, а преку овој курс се прикажува како се постигнува тоа.

Можете да го погледнете видеото и да добиете претстава за курсот или можете да ги соберете едноставните потребни материјали и да создадете група од дизајнери ентузијасти и заедно да се здобиете со ново искуство.