Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Марк Закерберг со најголема заработка во 2017

 

Марк Закерберг
(Фото: Youtube / Printscreen)

Сопственикот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, заработил најмногу пари во светот во 2017 година, а само во еден ден неделава заработил една милијарда долари, пишува „Тајм“.

Тој има поголем профит дури и од директорот на „Амазон“, Џеф Безос, кој накратко минатиот месец беше најбогатиот човек на светот. Имено, поради големиот скок на акциите на „Амазон“, Безос со своето богатство го надмина дури и Бил Гејтс, но бидејќи вредноста на акциите падна, и тој се спушти на второто место на листата.

Во првата половина од 2017 година никој не заработил повеќе пари од Безос, со номинално зголемување на богатството за 21 милијарда долари, но сега тој е само на второто место затоа што сопственикот на „Фејсбук“ има најголем профит во 2017 година.

Според податоците на „Блумберг“, Закерберг заработил 21,3 милијарда долари, со што неговото вкупно богатство порасна на 73,1 милијарди.

Сега му недостигаат уште 3 милијарди долари за да го престигне магнатот Ворен Бафет на местото на четвртиот најбогат човек на светот.

На листата на „Блумберг“ со најбогати луѓе во светот на прво место се наоѓа Бил Гејтс, потоа следува Безос, трет е основачот на брендот „Зара“ – Аманчо Ортега, четврти е Бафет, а петти е Закерберг.
 
Објавено на 12.08.2017 во категорија Економија
Подготвил: Б.Б. / Лектор: Ивана Кузманоска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Економија