Оглас за вработување во Микросам... Отворени се 3 (три) работни места

Оглас за вработување во Микросам... Отворени се 3 (три) работни места


Микросам Прилеп АД е единствена компанија во регионот, која се занимава со производство на високо квалитетна опрема за композитни материјали со современи и иновативни решенија и истата има потреба од нов стручен кадар и тоа:


СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА – 2 работни места

Основни одговорности и задачи:

•    Прибирање на порачки од потенцијални/постоечки купувачи/клиенти
•    Изработка и испраќање на документи (понуди, спецификации, договори и сл.) до      купувачи/клиенти
•    Контактирање со купувачи/клиенти во однос на тековните проекти
•    Давање на општи и специфични информации на потенцијалните/постоечките купувачи/клиенти за карактеристиките на производите/услугите на Работодавачот
•    Известување за намерите на купувачите/клиентите и нивните барања до производителите/Работодавачот
•    Посета на купувачи/клиенти
•    Стручна поддршка на саеми, конференции и семинари

Квалификации и компетенции:
•    Завршено високо образование: (правен факултет, економски факултет или некој од техничките факултети)
•    Задолжително познавање на некој од светски познатите јазици
•    Познавање на MS Office
•    Одлични комуникациски способности
•    Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
•    Способност за самостојна и тимска работа
•    Посветеност, лојалност и дискреција
•    Со и без работно искуство

Што нудиме?
•    Одлични услови за работа во креативна средина со амбициозен и професионален тим
•    Континуирана обука од меѓународно признаени кадри и можност за напредување;
•    Можност за учество на меѓународни проекти
•    Слобода за креативно размислување и идеи
•    Дневното работно време е 8 часа, од 08:00 до 17:00 часот (пауза од 12:30 до 13:30 часот)
•    Неделното работно време е 40 часа, од понеделник до петок
•    Можност за користење на организиран превоз и исхрана


САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКА - 1 работно место

Основни одговорности и задачи:

•    Преговарање и потпишување на договори за набавка на опрема, суровини и производи и испорака на материјали за други претпријатија и набавка на стока
•    Изработка и испраќање на документи (порачки, спецификации, договори и сл.) до добавувачи
•    Прибирање информации за барањата и залихите, одредување на количината и квалитетот на нарачката, трошоците, датумот на испорака и други услови на договорот
•    креирање на порачки во рамки на постоечки сметководствен систем
•    Контактирање со добавувачи во однос на тековните проекти
•    Посета на добавувачи
•    Стручна поддршка на саеми, конференции и семинари

Квалификации и компетенции:
•    Завршено високо образование: (правен факултет, економски факултет или некој од техничките факултети)
•    Задолжително познавање на некој од светски познатите јазици
•    Познавање на MS Office
•    Одлични комуникациски способности
•    Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
•    Способност за самостојна и тимска работа
•    Посветеност, лојалност и дискреција
•    Со и без работно искуство

Што нудиме?
•    Одлични услови за работа во креативна средина со амбициозен и професионален тим
•    Континуирана обука од меѓународно признаени кадри и можност за напредување;
•    Можност за учество на меѓународни проекти
•    Слобода за креативно размислување и идеи
•    Дневното работно време е 8 часа, од 08:00 до 17:00 часот (пауза од 12:30 до 13:30 часот)
•    Неделното работно време е 40 часа, од понеделник до петок
•    Можност за користење на организиран превоз и исхрана

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса: info@mikrosam.com, со ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.


Рокот за пријавување е до 01.09.2017г..