Џонсон Мети вработува! Се бара Оператор за благородни соли (PGM Salts Operator)

Џонсон Мети вработува! Се бара Оператор за благородни соли (PGM Salts Operator)

Реф.бр. 2017120

Оглас за работа : Оператор за благородни соли (PGM Salts Operator)


Локација: Скопје,Македонија

Еmission Control Technologies е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво. Џонсон Мети Скопје има потреба од Oператор во Одделот за производство на соли на благородни метали / PGM Salts Operator кој ќе се придружи на нашиот тим за производство на соли на благородни метали.

Главни одговорности :

• Реализација на континуиран и безбеден процес на производство во содветната смена и употреба на соодветни реагенси и материјали, со цел навремено исполнување на зададените цели и задачи
• Техничка способност за совладување и изведување на сите процеси во одделот
• Грижа за достигнување на највисоко ниво на квалитет според барањата на сите купувачи и на останатите процеси во фабриката
• Непречена комуникација со сите останати одделенија со цел достигнување на највисоко ниво на ефективност и изведба односно спречување на загуби на ниво на целиот процес
• Контрола на материјали, суровини и остатоци во одделот според одредени временски рамки
• Активно учество во подготовка и достава на материјали и податоци при надворешни посети

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате ?

• Идеално 2-3 години работно искуство во хемиско / металуршки производствен процес
• Универзитетска диплома во областа на технологија ќе се смета за предност, но не е неопходна
• Способност за работа во тим и вештини за работа со апаратура
• Развиена способност за одржување на високо ниво на прецизност и квалитет во работењето
• Познавање на Microsoft Office пакетот / владеење на англискиот

Работно време: сменска работа (I:06.00-14.00ч; II:14.00-22.00ч; III: 22.00-06.00ч) Позицијата подразбира работа за време на викенди и празници, доколку има потреба.

Доколку сте заинтересирани испратете ваша биографија на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката, во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.

Краен рок за аплицирање : 24 Август 2017

Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување