Еве како изгледа новиот дизајн на „Фејсбук“ на мобилните апликации

Еве како изгледа новиот дизајн на „Фејсбук“ на мобилните апликации

Подготвил: Тамара Гроздановски

фејсбук
Фото: Facebook

Можеби веќе сте имале можност да го видите новиот фејсбук-изглед на вашата „Ајос“ или „Андроид“ апликација. Доколку не сте го виделе, ви ги нудиме фотографиите во продолжение, со напомена дека наскоро и вие ќе можете да ја користите редизајнираната мобилна апликација.

Новости:

- Целосна промена на иконите;
- Сините делови од апликацијата се променети со бели;
- Коментарите се „почисти“ и појасни, па полесно се читаат;
- Опцијата за споделување на содржината во директна порака е поместена во левиот дел;
- Елементите на дизајнот се поголеми;
- Профилните слики се прикажуваат во кругови, не се повеќе правоаголни;
- Смајлињата во коментарите се поместени на левата страна, покрај иконата за камерата;
- Пиктограмите за коментарите, лајковите и споделувањата се „проѕирни“ и имаат само линија;
- Стрелката надолу за опцијата статус е заменета со три точки;

Фејсбук“ напоменува дека постојано работи на подобрување на перформансите на апликацијата, а после овие промени апликациите би требало да работат побрзо, додека навигацијата треба да биде полесна.