Временска прогноза за наредниот период... Од понеделник голем пад на температурите!

Временска прогноза за наредниот период... Од понеделник голем пад на температурите!

Денес е четврток, 17 август 2017 година, 229-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:38, а ќе зајде во 19:35 часот. Денот ќе трае 13 часа и 57 минути.

Овој ден го започнуваме со претежено сончево време со најголем дел од Македонија, кажуваме најголем бидејки во североисточните и источните предели имаме појава на локална облачност која што јасно се гледа на сателитската слика направена во 6 часот ова утро.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и топло. Попладне во северозападните планински предели со услови за слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен северен и североисточен ветер кој ќе достигнува брзина и до 20 км/ч. Утринските температури идентични на денешните и ќе се движат од 10 до 21 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 26 односно до 36 степени. УВ индексок ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, ветровито и топло. Ќе дува доумерен северен ветер. Утринската температура од 20 степени, а максималната дневна до 33 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во петок и сабота сончево и топло време. Утринските температури ќе бидат во благо опаѓање и ќе се движат од 10 до 20 односно од 10 до 19 степени, додека пак максималните дневни температури ќе бидат во пораст, во петок од 27 до 37 степени, а во сабота од 29 до 39 степени. Во недела претпладне претежно сончево време со појава на локална облачност, попладне зголемување на облачноста а во доцните попладневни и во вечерните часови се очекува продор на посвежа и влажна воздушна маса која што во вечерните часови и во текот на ноќта ќе услови врнежи од дожд и засилен ветер. Максималните дневни температури од 28 до 38 степени. Во понеделник промена на временската состојба и температурен шок, облачно со врнежи од дожд, ветровито и свежо време со температури кои ќе се движат од 16 до 26 степени, температури кои што ќе бидат за 12 до 15 степени пониски од претходниот ден.

Weather4all.com.mk