ЕВН објавува оглас за вработување

ЕВН објавува оглас за вработување

За во одделот Информатички и телекомуникациски технологии потребeн/а е инженер/ка за апликации кој/а ќе има клучна улога во реализирањето на нашите проекти врзани со развој и одржување на апликации

.NET и ANGULAR ПРОГРАМЕР (М/Ж)

Опис на работните задачи
Анализа на кориснички барања
Дизајн, изработка, тестирање, имплементација и одржување на апликативни решенија
Имплементација, интеграција и одржување на готови апликативни решенија
Креирање техничка документација и документирање на изворен код

Потребни компетенции
Одлично познавање на Visual studio.NET (C#, ASP.NET Web forms, MVC, Integration and Reporting Services)
Одлично познавање на Web API, Web Services, Angular, Bootstrap
Познавање на релациони бази на податоци: Oracle (SQL, PL/SQL), SQL Server (T-SQL)
Познавање на JavaScript, JQuery, HTML, CSS и XML
Познавање на софтверски архитектури, шаблони за дизајн и агилни методологии на работа

Потребни квалификации и лични карактеристики
Високо образование - Информатика
Одлично познавање на Англиски јазик, пожелно е познавање на Германски јазик
Работно искуство најмалку 2 години
Доверливост, исполнителност, иницијативност, високи аналитички способности, способност за работа под
притисок и кратки рокови, комуникативност, способност за работа во тим

Ги очекуваме Вашите апликации на jobs.evnelektrodistribucija@evn.mk на електронската апликација на нашата интернет-страница http://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување

Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!