Ноам Чомски: „Ненасилниот отпор значи дека ќе се спротивставите на многу силен и решителен начин“

Ноам Чомски: „Ненасилниот отпор значи дека ќе се спротивставите на многу силен и решителен начин“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

чомски

Заканата од раширеното насилство и немири е постојана благодарение на актерите што злокобно се спротивставуваат на граѓанските права, а во многу случаи и постоењето на луѓе што се различни од нив.

Но за многу луѓе со работа, деца, хипотека и слично, цената за учество во постојани протести и граѓански акции може да изгледа многу поголема отколку што би можеле да ја поднесат. Сепак, со оглед на ужасните примери во поновата историја, цената за пасивност може да биде исто голема.

Што би можело да се направи? Не секој од нас е Роза Паркс или Хауард Зин или Мартин Лутер Кинг. Малкумина од нас се револуционери и уште помалку сакаат да бидат. Не секој е доволно храбар или талентиран или има доволно знаење или е доволно посветен.

Проблемот од овој вид е проблем за кој многу се размислува и во кој е вмешана политиката. Им се восхитуваме на лидерите - мажи и жени за кои мислиме дека се супериорни - тие прават сè за нас. Ова може да значи делегирање на целата работа на демократијата за понекогаш многу погрешни поединци. Тоа може да значи и дека ние фундаментално погрешно разбираме како функционираат демократските движења.

Во видеото подолу Ноам Чомски се осврнува на прашањето што обичните луѓе можат да го направат во лицето на навидум непремостлива правда. „Начинот на кој работите се менуваат е затоа што многу луѓе работат цело време и работат во нивните заедници или работното место, па тие ја градат основата за популарните движења“, вели Чомски.

„Во историските книги постојат неколку лидери, Џорџ Вашингтон или Мартин Лутер Кинг. Не би сакал да кажам дека овие луѓе не се важни. Мартин Лутер Кинг секако не бил важен, но тој не беше Движењето за граѓански права.

Што се однесува до јавните интелектуалци како самиот Чомски, тој вели: „Луѓето како мене може да се гледаат како истакнати само затоа што некој друг ја врши работата“. Тој ја дефинира неговата работа како „помагање на луѓето да развијат курс на интелектуална самоодбрана“ против пропагандата и дезинформациите.

„Мислам на љубовта како на нешто силно кое се организира себеси во моќна, директна акција... Не сме ангажирани во борба што значи да седиме и да не правиме ништо. Постои голема разлика помеѓу неотпорноста кон злото и ненасилниот отпор. Неотпорноста ве остава во состојба на стагнирачка пасивност и замрзнување на задоволството, додека ненасилниот отпор значи дека ќе се спротивставите на многу силен и решителен начин.

И Чомски и секој друг глас за правдата и човековите права ќе се согласат дека поединците треба да дејствуваат наместо да се потпираат на лидерите на движењата. Без разлика на тоа какви дејства може да преземе една личност - дали се работи за дебата со семејството, пријателите или колегите, пишување писма, доставување донации на активисти и организации, документирање неправда или излегување на улиците како знак на протест или акти на граѓанска непослушност - сето ова прави некаква разлика. Ова се тие мали индивидуални активности кои, доколку ги практикуваат илјадници часови, ќе го направат возможно секое општествено движење.