Нови работни места во Џонсон Мети

Нови работни места во Џонсон Мети

Реф.бр. 2017115

Оглас за работа: Оператори за хемиски премази (Chemical Coating Operator)

Локација: Скопје, Македонија (Clean Air)

Еmission Control Technologies е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети Скопје има потреба да вработи кандидати во одделот за Хемиски Премази во фабриката за автокатализатори во ТИРЗ Бунарџик – Скопје. Кандидатите треба да имаат силна волја за учење и примена на новите способности, додека одржуваат високо ниво на прецизност и квалитет во работењето. Нудиме работа во високоразвиена динамична работна средина, со воспоставени системи и стандарди за квалитет, имплементирани процедури за заштита и безбедност при работа.

Оператори за хемиски премази:

• Следење на спецификации и следење на куси рокови
• Активен придонес кон активностите и перформансите на тимот за производство на хемиски премази заради исполнување на барањата во врска со плановите на производствените линии
• Одговорност за точно и високо квалитетно производство на хемиски премази
• Постојана грижа и одговорен пристап кон животната средина, здравјето и безбедноста во компанијата
• Водење евиденција за постојано ажурирање на работните налози, како и навременост на сите трансакции за контрола
• Придонес за развивање на нови и надоградба на постоечките работни процедури и практики на Одделот за хемиски премази
• Постојана грижа и одговорен пристап кон животната средина, здравјето и безбедноста!

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате ?
- Минимум средно образование од техничките струки
- Пожелно работно искуство во производствена средина и/или средина со хемиски процеси
- Способност да се реагира брзо на промените во врска со потребите на бизнисот во различни производствени области
- Способност за следење и примена на дадените инструкции за работа
- Искуство во работење со куси временски рокови
- Компетенции во основно користење на MS Office апликации (Word, Excel)

Позицијата подразбира работа во три смени: I смена 06:00 – 14:00; II смена 14:00-22:00; III смена 22:00-06:00;

Доколку сте заинтересирани испратете ваша биографија на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com Задолжително наведете го референтниот број на огласот, во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.

Краен рок за аплицирање : 25 Август 2017

Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите одсоодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување

АКТИВНИ ОГЛАСИ ОД ЏОНСОН МЕТИ